Утре во Охрид хуманитарен настан за помош на 22-годишниот Петар Попоски

- Локални
369

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, утре, среда, 29-ти ноември 2023 година, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи хуманитарен настан за помош на 22-годишниот Петар Попоски од Охрид.

– Црвен крст Охрид, со помош и поддршка од страна на Никола Тодороски го организираат овој хуманитарен настан со цел да се собират финансиски средства за лекување на нашиот млад сограѓанин. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не е можно да се изведе во Република Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра, информираат органзиаторите.

Настанот се состои од две точки – Stand Up Show  заедно со Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски, и музички настап на Камелеон, ВИС „Билјана“ и „Urban Planet“ feat Ana.

Билетите се пуштени во продажба од вчера, по цена од 200 денари, а можат да се набават во Црвен крст Охрид, во периодот од 08:00 до 16:00, во дел од охридските кафулиња во кои ќе се продаваат карти во текот на денешниот ден од страна на младите волонтери како и на влезот од НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на денот на настанот.

Strugaonline

Facebook Коментари