Утре во Охрид инфо сесија на тема „Можности за образовна размена“

- Локални
220
Американското катче Струга и Младинскиот Центар Охрид ве покануваат утре од 13:30ч на инфо сесија за „Можности за образовна размена“ понудена преку Амбасадата на САД во Скопје.
,,Презентацијата ќе се фокусира на програми достапни за додипломски и дипломирани студенти, но секој што има интерес за професионален или академски развој во САД е добредојден да се придружи и да ги истражи програмите на Амбасадата.“-информираат организаторите.
Инфо сесијата ќе се одржи во Младински центар Охрид.
Strugaonline

Facebook Коментари