Утре во Охрид премиера на претставата ,,Енергични луѓе“

- Локални
432
Во сабота 14 мај, со почеток во 20:00 часот, во Народен театар Охрид премиерно ќе се одигра претставата ,,Енергични луѓе”, според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.
Улогите во оваа сатирична комедија се на: Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ. Првата реприза на претставата ќе биде на 20-ти мај.

Facebook Коментари