Утре во Струга чествување на Хусто Хорхе Падрон, лауреат на СВП во 1990 година

- Локални
256

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасдадата на Кралството Шпанија   ве покануваат на свечениот настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон.

Настанот ќе се одржи во Паркот на поезијата- Струга на 11 април (вторник) со почеток во 12:00 ч. Хусто Хорхе Падрон, еден од најзначајните шпански поети е роден на 1 октомври 1943 година, а починал на 11 април 2021 година.
Во рамки на Програмата на настанот, ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата по која следува читање на поезијата на лауреатот.

Strugaonline

Facebook Коментари