По повод 27-ми март, Светскиот ден на театарот, утре во фоајето на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржат две театарски претстави за деца.
Првата претстава е драматизација на народната приказна „Тројцата токмаци“ во соработка со ОУ “Јосип Броз Тито“ – Струга, а во неа учествуваат: Ирена Пејоска, Софија Пејоска, Леонид Пејоски, Горазд Пејоски, Теодор Размоски, Лука Мангоски, Бошко Славкоски и Михаил Пејоски.
Втората претстава, во организација на драмското студио Цвет75, е насловена „Ќерките на Фроса“ – по текст и режија на Драгана Боцеска. Играат: Климентина Глигороска, Лина Боцеска, Мила Милошевска, Климент Размоски, Александра Петреска, Лука Наум Костадиноски.
Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари