Утре во 20:00 часот во Спомен Домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе биде поставена изложбата ,,Сувенир“ на младиот уметник Милко Нестороски.
„Со пристап на надреалистичка игра помеѓу сопствената потсвест и надворешниот физички простор, доаѓав до овие пронајдени предмети од природно потекло, што како да „повикуваа“ да бидат земени. Некогаш е само еден предмет кој потоа останува сам или се комбинира со други, а другпат се повеќе предмети пронајдени во еден специфичен момент на специфично место кои некако подеднакво логично и нелогично се соединуваат во акумулација или минијатурна инсталација. При средбата со нив пак се случува интервенција при која тие за мене стануваат и нешто друго покрај тоа што сe и со тоа добиваат симболична вредност. Сакам да ги наречам сувенири од природата, бидејќи пред се претставуваат спомен од неа и за неа. Како дела раскажуваат за изобилството на форми во природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира сувата естетика на масовно произведените предмети па и сувенири.“- вели Нестороски за својата изложба.
Влезот е слободен, на настанот ќе се почитуваат сите мерки за заштита од вирусот ковид 19.
Strugaonline
Facebook Коментари