Утре во Струга ќе се одржи манифестацијата ,Највелигденско јајце“

- Локални
382

По пауза од две години, во Струга продолжува традиционалната манифестација ,,Највелигденско јајце“ во организација на струшкиот Центар за култура, драмското студио ,,Миладин“ и хорот ,,Калистрат Зографски.“

Денеска во период од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворена работилница, а главниот настан е закажан за 23-ти април, на празникот Томина Недела, со почеток во 19:00 часот во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“.

Право на учество имаат сите лица без разлика на возраст и пол. Јајцата (експонатите) треба да се декорираат во духот на православието, односно да доминира црвената боја.  Експонатите треба да се достават кај Ристе Миладин најдоцна до 22.04 до 14:00 часот. Организаторите информираат дека за најдобрите ќе следуваат награди.

Според најавената програма, манифестацијата ќе започне со изложба на пристигнатите експонати, а потоа ќе следува Беседа на Отец Стефан Санџакоски. Потоа ќе следува настапот на детскиот хор ,,Калистрар Зогравски“, а за крај ќе се претстават членовите на драмското студио ,,Миладин“ со претставата ,,Вера надеж и љубов.“

Манифестацијата ќе заврши со доделување на наградите за најдобрите.

Strugaonline

Facebook Коментари