Утре во Вевчани работилница на тема- Иднината на регион Јабланица

- Локални
267

Maкедонското еколошко друштво ве поканува  на работилницата со наслов „Развој на одржливиот туризам во заштитените подрачја во Македонија со поддршка на странски донации“ што ќе се одржи во просториите на мултукултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани на 10.05.2023 (среда) со почеток од 11:00ч. a е во организација на Македонско еколошко друштво (МЕД).

Оваа работилница е втора од серија настани што ќе се одржат во општините Струга и Вевчани а се организираат во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Р.С. Македонија – фаза 2, Јабланица – потенцијално идно заштитено подрачје“ финансиран од Партнерски фонд за заштита на критичните екосистеми (CEPF).

,,Целта на оваа работилница е заеднички да зборуваме за иднината на регионот Јабланица и да слушнеме која е заедничката визија за Јабланица од страна на туристичкиот сектор. На оваа работилница ќе споделиме активности на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово поврзани со развојот на одржливиот туризам на Шар Планина и нивното искуство од соработката со различни донатори и вклучување на локални заедници во проекти поврзани со развој на „мека инфраструктура“ и изградба на повеќе сместувачки капацитети. (Планинарски дом „Љуботен“, Хостел „Китка“, ресторан „Белојшки Бисер“, Инфо центар за Шар Планина, Тетово и др.)“. -информираат организаторите.

Оваа работилница е наменета за невладини организации, локална самоуправа и угостители од Вевчани како и сите заинтересирани што сакаат да делуваат во регионот во секторот туризам.

Strugaonline

Facebook Коментари