Утревечер во Струга ќе се врши запрашување против комарци

- Локални
720
Се известуваат граѓаните и пчеларите на Општина Струга дека на подрачјето на општината, на ден 19.07.2023 год. (среда кон четврток, 20 јули 2023 година) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 22:00 часот, до 06:00 часот следното утро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
,,Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.“-стои во соопштението од Општина Струга.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Strugaonline

Facebook Коментари