Утре започнува манифестацијата ,,Вевчанско лето 2023“

- Локални
335
Во периодот од 19-ти јули до 31-ви август, и оваа година во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“, манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.
-„ Вевчанското лето 2023“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, уметнички изложби.“-информираше градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.
Свеченото отварање е закажано за утревечер во 20:00 часот на плоштадот во Вевчани каде ќе настапат музичката група ,,Лугер“,а потоа следни настапот на Викторија и Алмир.
Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2023 година.
Strugaonline

Facebook Коментари