Вечерва ќе се одржи годишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга

- Локални
1304

Десеттиот по ред јубилеен годишен концерт на учениците од СМУ „ Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

На концертот ќе настапат најдобрите ученици од инструменталниот оддел и на тој начин се одбележуваат 10 години од формирањето на музичкото училиште во Струга.

Публиката во салата ќе има можност да ужива во музичката уметност во нејзината најсофистицирана смисла на зборот, но и да го проследи напредокот на младите ученици кои допрва ќе редат успеси во областа на музиката.

Влезот за концертот е слободен.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари