Денеска се прославува Вознесението Христово – Спасовден

- Македонија
1653

Христовото вознесение помеѓу народот познато како Спасовден е четриесеттиот ден од Христовото Воскресение. Овој голем празник го менува датумот, во зависност од тоа на кој датум се прославил Велигден, но никогаш не го менува денот, секогаш се слави во четврток. Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници. Според верувањата  Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сеуште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна). На Спасовден за последен пат во тековната година се вапцуваат црвени велигденски јајца, а бојата од котлињата или тенџерињата во кои изминатите 40 дена се вапцувале велигденските јајца се истура во чиста вода  Котлето или котлињата се измиваат и се оставаат на сигурно место, до идната година на Велики Четврток.

 

 

Facebook Коментари