Вечерва во Охрид стартува шестото издание на „Вдиши театар“

- Локални
750

Вечерва со почеток во 20:30 часот во предворјето на црквата Св. Софија.свечено ќе биде отворено шестото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Фестивалот ќе го отворат младинците од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претстава „Домино“. На сцената ќе излезат 25 младинци кои изминативе 3 месеци активно ги следеа театарските креативни работилници. На работилниците со младите се работеше на стекнување вештини за концентрација, движење и импровизација во простор, освестување на мускулите и сите делови на телото, креирање ликови, креирање приказна, работа со техника на глас, дикција, итн. Покрај тоа што младите преку овие работилници учеа за културата и односот кон театарот како уметност, тие ја зајакнаа и својата социјална интелегенција. Освен актерите- аматери од Црвен крст-Охрид, во четиридневната програма, својот актерски талент, умешност и креативност, низ пет театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 60 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од, Суботица, Ужице, Крагуевац и Битола.

Strugaonline

Facebook Коментари