Гуру Харе и Дани Димитровска ја промовираа новата песна-„Некаде“

- Музика
1507

Игор Атанасовски Харе ја промовираше новата песна која ќе се најде на неговиот претстоен албум, а овој пат како вокал му гостува Дани Димитровска. Станува збор за песната „Некаде“ , весела, нежна песна која ќе биде хит ова лето.

Текстот, музуката и аранжманот се авторско дело на Харе, снимано е во студиото „Тралала“, а концептот и идејата за спотот е на Дани Димитровска која го пее и главниот вокал и придружните вокали.

Во интервју за Play radio, Гуру Харе неодамна изјави дека речиси сите песни за албумот се готови во авторска смисла, но полека и многу внимателно ги бира вокалите кои на најдобар можен начин ќе ги доловат неговите музички приказни. Најпрво изборот падна на Тамара Тодевска која ја отпеа „Љубов“, емотивната „Мајко“ ја донесе Аки Ракимовски, а летниот хит „Некаде“ го отпеа Дани.

Strugaonline

Facebook Коментари