Вечерва започнува ,,Вевчанско лето 2022“

- Локални
375
Во периодот од 15 јули до 31 август во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“. Манифестацијата има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.
-„ Вевчанското лето“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани.-посочува градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски.
Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година, а во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.

Facebook Коментари