Вевчанец во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир во Струга

- Локални
678

На 23.04.2019 година во 01.40 часот,  на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на Д.Б.(32) од Вевчани. Тој, во видно алкохолизирана состојба, на висок тон и агресивно однесување, ги вознемирувал станарите. Д.Б. е приведен во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

 

 

Facebook Коментари