Учениците во Струга се запознаа со флората и фауната на екосистемот на Охридското Езеро

- Локални
759

Во рамки на проектот “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, на 17 април 2019 год., И.О “Крсте Јон” во соработка со ” НУ.Музеј д-р Никола Незлобински” –Струга и ОУ “Јосип Броз Тито” – Струга ја одржа третата настава во просториите на ОУ “Јосип Броз Тито” – Струга.

Главната цел на наставата беше учениците поблиску да се запознават со флората и фауната на екосистемот на Охридското Езеро.

Активноста е дел од проектот: “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, што е дел од програмата која се реализира во рамки на проектот : ,,Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Strugaonline

Facebook Коментари