Се до 14-ти јануари сите патишта водат во Вевчани.
Околу 1000 маски на оригинален и единствен начин ја претставија својата маска од општественото секојдневие.
Најголемиот театар на отворено во Вевчани преку хумор и сатира на најдобар можен начин ги отсликува општествените појави вклучувајќи го и политичкиот живот.
Освен критикување на политичарите, Вевчанци и годинава ќе се погрижат за добра забава на сите сограѓани и бројни гости.
Култната македонска група „Архангел“, заедно со Неша од групата „Галија“, Културно уметнички работници и Dj RootBoy настапија вчера, а вечерва присутните гости и василичарите ќе ги забавуваат Кате и групата „Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани.
Извор и фото: Strugaonline
Facebook Коментари