Изложба на уметнички фотографии од Анастас Ќушкоски во Вевчани

- Локални
732

Програмата на „Вевчанскиот карневал 2019“ официјално започна  во сабота на 12 јануари со изложбата на уметнички фотографии  „Маски асоцијации “од вевчанскиот хроничар на карневалот,  Анастас Ќушкоски.

Во Клубот на Здружението на пензионерите во Вевчани,насловената фото изложба „Маски и асоцијации “на Ќушкоски ја прогласи за отворена поетот Мирко Томовски, „колега по перото“ на Анастас.

„Зборуваме за човек, хроничар на сегмент од еден временски период. Зборуваме за карневалски маски кои ги создаваме а тие не отсликуваат нас, поточно ги создаваат Вевчанци а тие нив.“- рече Томовски.

Анастас Ќушкоски роден 1942 година во Вевчани.Има завршено Економски факултет.На пошироката јавност и е познат,како драмски автор,сценарист,режисер,поет,истражувач,но и како пасиониран фотограф.

Со фотографија се занимава од 1957 година,а поинтензивно од 1980 година.Излагал во земјава и странство и има доибиено повеќе признанија и награди.Оваа е негова дваесет и петта самостојна тематска изложба и трето навраќање на тема од Вевчанскиот карневал.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво во Битола како и Центарот за карпеста уметност на Македонија.

За изложбата „Маски и асоцијации“ од 30 уметнички фотографии кои беа поставени во Клубот на Здружението на пензионери,при прогласувањето за отворена Томовски на крајот од своето излагање се послужи со исказот на почитуваниот професор,отец Санџакоски, кој за авторот своевремено го има дадено на едно од неговите изложби:

„Анастас Ќушкоски создава творби напишани од светлината чија духовна и естетска моќ го возбудува гледачот и ги активира најпасивните механизми за восприемање на мистериите“. Па,придружувајќи се кон оваа извонредна констатација,на авторот да му посакаме уште многу вакви дела во иднина.“- заврши Томовски и ги повика присутните да ја разгледаат изложбата.

На изложбата беа претставени фотографии создавани повеќе години, а дел и во 2017,2018 година. Фотографии инспирирани од личниот интерес на уметникот за Вевчанскиот карневал, неисцрпната љубопитност кон истражувањето на вевчанските маски кои имаат 14 вековна традиција и со која се слави доаѓањето на Новата година по стариот календар.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари