Вевчански карневал 2021- Полицијата интервенираше во Вевчани, Василичарите сметаат дека инцидентот имаше политичка позадина

- Локални
1525
Полициски службеници вчера интервенираа во Вевчани на познатиот Вевчански карневал поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните  во услови на глобална пандемија.-информираат од СВР Охрид.
Имено, и покрај претходно постигнатиот договор  на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, од СВР Охрид информираат дека  поголема група на граѓани се собрале во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што морало да има интервенцијаод полицијата.
-По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување  на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.-стои во соопштението од СВР Охрид.
На Вевчанскиот карневал имаше и инцидент кога василичарите се судрија со стотината полицајци во Вевчани.
Со свој став излегоа и Василичарите. Нивниот допис до медиумите ви го пренесуваме во целост:
Одредени структури на полицијата очигледно направиле погрешна проценка, односно пратија преголема бројка полициски службеници на Св.Василја Вевчани. Народот тоа го сфати како провокација, иако не ги знаеше вистинските причини за почетокот на инцидентот. Полицијата пред сѐ, не беше злонамерна кон Вевчанци.
Инцидентот не беше направен врз полициска казна за непочитување на мерки, туку беше предизвикан од (не) луѓе на кои им е битна само политичката фотелја и рејтинг, конкретно од претседателот на опозициската партија во Вевчани, кој со неговата дружина се дрзнаа вербално да напаѓаат полициски службеници, од кои неколку беа наши, Вевчанки службенички во МВР.
Како не им е срам на овие неморални лица да ја занемарат целата вевчанска традиција и култура, која трае над 1400 години, само за да дојдат на власт?
Демек, „уапсете ме мене (претседател на ВМРО), за да се сликам насмеан во полициско комбе и потоа да кажам дека е полициска бруталност од власта кон цело Вевчани, за да си земам политички поени во своја корист.“ (изигравање жртва)
Епа не помина. За пофалба се голем број ВЕВЧАНЦИ кои не подлегнаа на провокациите и придонесоа инцидентот да згасне и сѐ да помине во најдобар ред.
Сакаме да кажеме едно ГОЛЕМО БРАВО за василичарските друштва Горна и Долна Мала, за одличната организација!
Ние, Василичарите, апсолутно ги испочитувавме сите мерки и протоколи и се сѐ одвиваше во најдобар ред, додека партиски ботови искористија ситуација за оцрнување пред сѐ, на своето Вевчани.
Св.Василја во Вевчани била и ќе биде. Ситни риби никогаш не можат да го нарушат угледот на Свети Василја.-стои  во соопштението на Васличарите.
Strugaonline

Facebook Коментари