LTH Леарница Охрид вработува, ова се работните позиции

- Локални
1377

„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. SLO

Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок,  машинска обработка на одлеаноците и конструкција на алати.

Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на новоотворените работни места:
Квалификации: Високо машинско образование/апсолвенти

Способности: управување со време и притисок/ориентација кон решавање проблеми

Посебни барања: брз одговор при итни ситуации

Електро одржувачи
Квалификации: Средно стручно образование – електроника/енергетика

Способности: Познавање електро-шеми

Машински одржувачи
Квалификации: Средно стручно-техничко образование (III/IV)

Способности: Познавање хидраулични, пневматски шеми

Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Одговорности:

 

  • грижа за отстранување грешки и дефекти на машинската и програмската опрема заедно со овластен сервисен центар, водење проекти за изградба на информациски систем;
  • соработка при воведување нови компјутерски обработки,изработка и одржување на компјутерски програми за потребите на корисниците, грижа за подготвување потребни податоци, контрола и обработка
  • тестирање на програмите и податоците
  • контрола на работата на корисниците на компјутерскиот ситем
  • грижа за заштита на податоците
  • да предлага нови идеи и начини за подобрување на работата на Дирекцијата и останати работни задачи кои произлегуваат од самата организациска единица
  • почитување на стандардите и правилата на Друштвото

Работна позиција IT инженер

Потребни вештини:

  • познавање на англиски јазик
  • познавање на програмски јазици
  • познавање на операциски системи
  • употреба на стандардни и специјализирани компјутерски алатки

 

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – административен дел со активности во производниот дел.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз).
  • обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок на поднесување CV на долунаведените адреси:  31.01.2021.

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Вашите апликации можете да ги испратита на адресите погоре најдоцна до 31.01.2021 година и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

 

Facebook Коментари