Одделнието за изведување на градежни работи при ЈП Комунално- Струга информира дека изминатите денови вршеше вградување на топчести бетонски елементи со цел спречување несовесните возачи да ги качуваат своите возила по пешачките патеки-тротоари.
На оваа тема, во редакцијата на Strugaonline пристигна реакција на револтиран граѓанин во која се вели:
Ова е опасно решение, пред пешачкиот премин, на пешачка патека вакви препреки……Тука поминуваат деца,луѓе слабовидни, постари лица мала невнимателност и ќе се најдат пред нечија хауба.
Strugaonline
Facebook Коментари