Вицепремиерот Фатмир Битиќи оствари средба со стружани, најави нова инвестиција во Тирз Струга

- Локални
613

Викендов во Струга беше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На маалската средба која се одржа во градскиот парк, Битиќи најави дека наскоро и официјално ќе биде објавена новата инвестиција во Тирз Струга. Канадската Магна ќе отвори 900 работни места.

-Владата на СДСМ вложи скоро 10 милиони евра во патна инфраструктура во Струга и околината. Во 2017 имавме состојба на 18% покриеност со водовод и канализација. Сега, после четири години сме на 32% покриеност. За овие прашања веќе не правиме компромис. Денеска го слушнав гласот на стружани и стружанки. Ќе зборувам со сите додека не ги најдеме најдобрите решенија за нашите општини, истакна Битиќи на средбата.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи заедно со претседателот на ОО СДСМ Струга Соња Стојкоска, презентираа се што е сработено, но исто така ги слушнаа сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари