Владата ја презема надлежноста над плажите во Охрид, Струга и Дебрца

- Локални
858

Следната недела во македонското Собрание влегува Законот за градежно земјиште, по што државата и официјално ќе ја преземе надлежноста за плажите во Охрид, Струга и Дебрца, порача од Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски. Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги презема Владата е предлагање закон за одземање на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите, рече Сугарески, а пренесе порталот ОхридПрес.

Деновиве во јавноста се покренува прашањето за палењето на трската и бетонирање на дел од струшкото крајбрежје. Тоа предизвика силна реакција кај граѓаните и екологистите по бројните неправилности кои се констатирани при објектите кои се градат на самото крајбрежје во Охрид и Струга.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: ОхридПрес

Facebook Коментари