Лев банер Десен банер

Владата основа „Јавно претпријатие колекторски систем“ за заштита на Охридското езеро

Министрите  донесоа одлука за основање на „Јавно претпријатие колекторски систем“. Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро. Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.

Oваа одлука, беше донесена на редовната 107-ма седница на Владата .

Strugaonline

фото: архива

error: