Во близина на Струга приведен штипјанец баран со потерница за издржување затворска казна

- Локални
141

На 4-ти април 2024 година, во 09:50 часот во близина на индустриска зона во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 30-годишно лице од Штип, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Штип за издржување затворска казна од шест месеци за сторени повеќе кривични дела „кражби“ и „тешки кражби“.

– Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари