Во четврток ќе се одржи настанот ,,Елки на желби и солидарност во Струга“

- Локални
564

На 29.12.2022 (четврток)  во организација на ,,Струшка женска група“ на новото шеталиште во нашиот град ќе се одржи новогодишниот настан  ,,Елки на желби и солидарност во Струга“.

,,Ве очекуваме во 11:00 часот, да се дружиме и да си споделиме празнична магија! Настанот ќе започне со подарување на новогодишни пакетчиња на дечиња и лица од ранливи категории, како и слатки изненадувања за сите дечиња кои ќе не посетат.Во супер атмосфера со музика со DJ и настап на детско хорче, а на посета ќе ни дојде и Дедо Мраз.“-велат од ,,Струшка женска група“.

Ќе бидат поставени две елки – една на солидарноста и една на желбите.  Елката на желбите ќе биде поставена од 26.12.2022 до 10.01.2023, на истата ќе можете да си поставите напишана желба за душевна и физичка благосостојба.

,,Елката на солидарноста ќе биде поставена дента за време на настанот на која ќе ве очекуваме со некој ваш мал лампион или орнамент кој ќе го прикачите на неа – ова ќе ја симболизира  нашата прекрасна група, каде сите сме различни, а сепак хуманоста и човечноста не сплотуваат. Потоа сите ваши декорации ќе бидат собрани од елката и ќе бидат донирани на семејство каде што се потребни за и тие да имаат можност за празнична атмосфера во својот дом.,,- потенцираат од групата.

Во рамки на настанот ќе бидат поставени и мали штандови каде членки на ,,Струшка женска група“  ќе се претстават со своите рачни / домашни изработки, а присутните ќе имаат можност да ги поддржат нивните скромни бизниси.

Strugaonline

Facebook Коментари