Во четврток ќе се врши дезинсекција против комарци на целата територија на Општина Струга

- Локални
705

Се известуваат граѓаните и пчеларите кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Струга дека на 30.07.2020 година (четврток) ќе ce спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци и ларгицидно третирање на определени зони.

Запрашувањето ќе се врши во период од 20:00 до 06:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места на Општина Струга.

„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.“ – стои во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари