Денеска во СОУ Гимназија ,,Ибрахим Темо“ од страна на Д-р Рената Кочоска доктор од Клиника за Пластична хирургија при Општа Болница -Струга и д-р Фјола Мамуд се реализираше кампања за учениците од прва година против употреба на пиротехнички средства, со цел младите да се запознаат со штетноста на употребата на пиротехнички средства,како и за реалните можности истите да предизвикаат тешки и трајни телесни повреди.
,,Само на овој начин заедно можеме да влијаеме за намалена употреба на петардите.Ајде да ги дочекаме новогодишните и божиќните празници со честитка ,а не со петарди.,,- апелираат од училиштето.
Facebook Коментари