Во Враништа интензивни подготовки за Бадниковата поворка, интересот за учество е голем

- Локални
282

Најмладите од Враништа интензивно се подготвуваат за овогодинешната Бадникова поворка.

Од  Соборниот Храм Св.Никола во Враништа информираат дека бројот на деца заинтересирани за учество постојано расте.

,,Моментално се пријавени 65 деца, но нашите очекувања се бројката да стигне до 100. Нашата цел и желба е да бидеме најголемата Бадникова поворка во Македонија според бројот на население. Тоа е очекувано за Враништа со оглед на тоа дека ние имаме посебна духовна дејност. 65 дечиња се дел од Здружението ,,Православна младина“ кои редовно доаѓаат на литургии, со нив имаме многу полезни активности, посетуваме манастири и градиме корисни духовни вредности – вели Отец Ристе Наумоски.

Тој додава дека втората проба за Бадниковите поворки ќе се одржи во недела, на 25.12 во Соборниот Храм Св.Никола.

Strugaonline

Facebook Коментари