Во населба Рача ќе се отвара Центар за ран детски развој

- Локални
1159

Општина Охрид го објави јавниот оглас за адаптирање на простор од околу 60 м² во подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“ во населбата Рача, каде ќе се отвора Центар за ран детски развој.

Рокот за доставување на понудите е до 20-ти април до 12:00 часот. Евалуација на понудите ќе се врши истиот ден.

Понудите треба да се достават во затворено плико: „По Оглас за Барање за понуда за адаптирање на Центар за ран детски развој во населба Рача”, со назнака „не отворај“, во архива на општина Охрид.

Подетални информации сите заинтересирани можат да најдат на овој линк.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари