Во недела во Охрид реприза на претставата „Стаклена менажерија“

- Локални
1162

Во недела (10-ти јуни) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид репризно ќе биде одиграна театарската претстава „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс. Во оваа претстава играат:  Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
-„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби – вели режисерот Софија Ристевска Петрушева.

Почетокот е закажан за 20:00 часот, а билетите по цена од 200 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“ секој ден од 10:00 до 20:00 ч.

Strugaonline

Facebook Коментари