Во недела во Струга хуманитарно дружење и возење со велосипед за Бојан

Во организација на спортското здружениe МТБ КАРАУЛА Струга, во недела на 23-ти април пред Барабар терасата, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи дружење, кафе муабет, а потоа и симболично возење со велосипед до Охрид. Сето тоа со хумана цел, сите учесници во овој настан да донираат за нашиот млад сограѓанин Бојан Крстески кој е на лекување во Италија и потребна му е нашата помош.
Организаторите ги повикуваат сите хумани граѓани од Струга и Струшко да учествуваат на овој настан во што поголем број, се’ со цел, со донации, кој колку може, да му помогнеме на Бојан Крстески во процесот на неговото лекување.
Strugaonline

