Oпштина Струга: Најстрого го осудуваме вандалскиот чин на отстранување на бистата на поетот Славко Јаневски

- Локални
335
Општина Струга излезе со реакција по информацијата дека е исчезната  бистата на поетот Славко Јаневски во Струга.
-Денеска, на ден 20.04.2023 година, бевме известени дека на брегот на езерото спрема устието на Црни Дрим, каде што стојат бистите на неколку поети, се случил вандалски чин со отстранување на бистата на поетот Славко Јаневски, од страна на непознати лица. Општина Струга остро реагира на овој злонамерен чин и ги повикуваме надлежните органи да преземат мерки за пронаоѓање на бистата, но и на сторителите на вандалското однесување. Воедно, апелираме и до стружани доколку имаат некаква информација да пријават во општината или во полициската станица во Струга.-стои во општинската реакција.
Додаваат дека Струга е мултиетнички, мултикултурен и мултирелигиски град, а кохезијата што владее меѓу сите граѓани, без разлики, е уникатен пример за тоа како граѓаните содејствуваат и живеат заедно, на високо ниво на толеранција и разбирање во многу сфери од секојдневниот живот.
-Затоа, најостро го осудуваме ова дејствие и ќе преземеме мерки за што поскоро решавање на овој проблем и нема да дозволиме да постанеме жртви на вакви провокации за уништување на меѓуетничките односи во Струга.-потенцираат од Општината.
Strugaonline

Facebook Коментари