Во недела во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Portrails“ од уметникот Горан Ристовски

- Локални
347
Во недела со почеток од 20:30 часот на локацијата ,,На Струга дуќан“  (улица Гоце Делчев 32) ќе биде отворена изложбата ,,Portrails“ од уметникот Горан Ристовски.
,,На поставката ќе можат да се погледнат цртежи кои настанале околу периодот и за врмеме на изолација 2020 во година. Во моменти на поставување прашања за личноста, карактерот, минливоста, непостојаноста, промените, за тоа што било и што ќе биде? Насловот ,,Portrails“ е кованица од зборовите портрет (лик на човек, семејна фотографија, приказ, опис) и патеки (трага, влечење, повлекува).“-информира Ристовски.
За време на изложбата амбиентот ќе биде збогатен со музика компонирана од Дамјан Томоски.
Strugaonline

Facebook Коментари