Во Охрид поплавени станбени и деловни објекти, има штети и на кровни конструкции и соларни панели

- Локални
213
Како последица од невремето на територијата на град Охрид и општина Дебарца се пријавени повеќе штети и поплавувања на станбени, деловни објекти, подрумски простории, штета на кровни конструкции, соларни панели како и земјоделски насади.
,,Екипите со вработени од јавните претпијатија се постојано на терен со цела механизација со која се располага. Колекторот е ставен во функција, а се чистат и сливниците каде што има проблем со фекална и атмосферска канализација. Во моментот нема врнежи од дожд и град, водата од улиците е повлечена и до крајот на денот целиот град ќе биде исчистен“-информираа од  Центарот за управување со кризи.
Strugaonline

Facebook Коментари