Лев банер Десен банер

Во Охрид протест против промена на името

Група граѓани, денес на Градскиот плоштад во Охрид го одржа протест организиран од страна на Граѓанската иницијатива „Македонија пред се`“.

Учесниците на протестот на овој начин уште еднаш го израија своето противење на злоупотребата на државните институции од страна на власта, а на штета на македонскиот народ и држава.

Нивните барањата се повлекување, како што велат, на насилно донесениот Закон за јазици, поништување на т.н. Договор за добрососедство со Бугарија, неменување на уставното име на Република Македонија и ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во Собранието од април минатата година. (Крај)

Извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

error: