Вардар на крајот на мај ќе ја брани европската титула во Келн

- Спорт
1862

Eвропскиот првак Вардар на крајот на мај повторно ќе биде во Келн, Германија каде ќе го брани трофејот освоен лани. На реваншт четврт-финалниот меч против Кил во Скопје гостите во последната минута постигнаа два гола и победија со 28-27 (13-13). Но, бидејќи на првиот меч во Германија победи Вардар со 29-28 поради повеќе голови постигнати во гости на Ф4 турнирот ќе патуваат „црвено-црните”.

Германците уште на почетокот на натпреварот најавија дека ќе се борат за да го добијат меќот, па поведоа со 0:3.  На Вардар му требаа шест минути да се снајде со грубата и агресивна игра на гостите, но и да почне да функционираат акциите што се подготвувале. А кога тоa почна веќе беше полесно. Првиот дел од натпреварот заврши нерешено и се навестуваше возбудливо второ полувреме.

Само што почна вториот дел од натпреварот вардарци покажаа дека се подготвени за конечно да ги решат дилемите. Во 42 минута првпат имаа предност од „плус 4″ за 21-17.
Вардар играше одлично, и тоа се одрази на резултатот. Да не беше опуштањето во последните минути ова ќе беше перфектен меч за нашите момци.
Но, секој меч се игра на гости и дома, а ние покажавме дека кога ќе се соберат се, ние сме сепак поквалитетен  тим кој игра подеднакво добро на секој терен.

Сега се очекува ждрепката за противникот во полуфиналето на Ф4 турнирот.

Извор и фото: rkvardar.mk

Facebook Коментари