Лев банер Десен банер

Во Охрид спроведена хуманитарната акција „Даруваме радост на првачињата”

На ден 17.08.2019 (сабота), во рамки на акцијата “Даруваме радост на првачињата”, беше организирана хуманитарна свирка на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски” во Охрид.

-Оваа акција веќе трета година е организирана од страна на Клубот на млади при Црвен Крст Охрид, и истата се состои во донирање примарен школски прибор на децата-првачиња од социјално-загрозени семејства, со цел да го поддржиме нивното образование. Свирката беше со цел собирање парични средства за купување на школскиот прибор, а исто така ќе бидат поставени и кутии за донација на ваков прибор низ книжарите во нашиот град.-информираат од Црвен крст Охрид.

Strugaonline

error: