Време: Сончево со умерена облачност и ветровито

- Македонија
412

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 30 до 38 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови претежно во планинските подрачја ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 31 до 38 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари