Лев банер Десен банер

Во петок ,,Генералка викенд“ Во Струга, повикани се сите граѓани за чистење на градот

На 12.05.2023 година (петок) ќе се одржи настанот „Generalka Weekend“, под покровителство на Man and Mountain заедно со партнерите Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад и Шпаркасе банка, поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и од Општина Струга, со почеток во 09:00 часот, пред новата зграда на општината.
,,Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можности, да се приклучат на Генералка Викендот и заедно да го исчистиме градот. Најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро и кејовите на реката Црн Дрим“-информираат од Општина Струга.
Strugaonline

error: