Во организација на угостителските објекти ,,Кочва маала“, ,,Винска куќа“, ,,Дуќан“ и жителите на уицата ,,Гоце Делчев“ во Струга, на 12-ти јануари ќе се одржи втората планирана хуманитарна манифестација ,,Фестивал на виното.“ Истата ќе започне во 11:00 часот.
,,Во пресрет на дочекот на Стара нова година ќе ги славиме виното, љубовта и новиот почеток што ни претстои. На фестивалот потврда за учество испратија десетици реномирани винарии од Македонија но и од странство. Освен добро вино и вкусна храна, ќе има богата музичка програма.“-информираарт организаторите.
Собраните средства ќе бидат наменети за лицата со оштетен вид.
Првата манифестација се одржа на 30-ти декември. И предновогодишната програма и Фестивалот на виното освен својата хумана мисија, имаат за цел повторно економско и културно издигнување на улицата ,,Гоце Делчев“ која веќе го доби својот епитет „струшка скадарлија“ (по примерот на далеку познатата Скадарлија во Белград, Србија), но и на градот Струга.
Манифестациите се поддржани од Општина Струга.
Повеќе информации можете да добиете од Димче Кочоски кој е дел од тимот на Кочов сокак.
Телефон 077 439 934.
Strugaonline
Facebook Коментари