Во петок ќе се одржи 33-то издание на фестивалот ,,Охридски староградски средби“

- Локални
303

Во петок, 17-ти септември, ќе се одржи 33-то издние на фестивалот ,,Охридски староградски средби 2021.“

Ќе настапат осум пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци,  и Радовиш.

Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Facebook Коментари