Во петок во Охрид ќе се одржат 31-те Староградски средби

- Локални
689

Во петок, 27-ми септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи 31-то издание на манифестацијата Староградски средби. Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.
Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Со обновување на фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли.Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат:  Градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид , Распеани Штипјани – Штип,  Пеачка група „Веселата Тајфа“– Богданци, ЗП Охрид и Дебрца од Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, Ансамбл за народни песни Вања Лазарова – Скопје, Тамбурашки оркестар Серенада – Тетово,  Распеани Гевгеличани – Гевгелија, ЗГ Градски Хор – Штип.

Почетокот е закажан за 20:00 часот, влезот е слободен.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари