Охридскиот театар со „Алиса во земјата на чудата“ гостува во Штип

- Локални
510

Национална установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид / Народен Театар Охрид повторно гостуваат и тоа на театарски фестивал за деца и младинци „Малиот Принц” во Штип во четврток, 26-ти септември со детската претстава „Алиса во земјата на чудата“  од англискиот писател Луис Карол.

Претставата е во режија на Ѓорги Ризевски.  Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев.

Strugaonline

Facebook Коментари