Во петок во Струга ќе биде отворена Роса школата за доење

- Локални
753

Во петок, на 20-ти декември 2024 година, во ЈЗУ Општа Болница во Струга ќе биде отворена Роса школата за доење, реализирана од Роса и Пивара Скопје, во партнерство со Министерството за здравство на Република Македонија, а во рамки на платформата за поддршка на доењето.

На отворањето ќе присуствуваат Арбен Таравари, Министер за здравство во Владата на Република Македонија и Душан Митрев, Генерален директор на Пивара Скопје, кои ќе потпишат и Меморандум за соработка за следната 2025 година.

Оваа школа е дел од платформата на Роса и Пивара Скопје наречена „Поддршка на доењето” и директно придонесува за правилната нега и раст на доенчињата и едукација на нивните родители како дел од сегментот здравство.

StrugaOnline

Facebook Коментари