Подрачното училиште во с. Ложани при ООУ „Свети Климент Охридски” – с. Драслајца со ново греење

- Локални
2335
Во подрачното училиште во село Ложани при ООУ „Свети Климент Охридски” – с. Драслајца е направена значајна промена во начинот на греење: наместо традиционалното греење со дрва, поставени се пет современи клима-уреди, од кои еден е со капацитет од 7.5 kW, еден со капацитет од 3.5 kW и три со капацитет од 5.5 kW. Клима-уредите се великодушна донација од страна на г-дин Жарко Шурдоски и неговата компанија „BZ Group Macedonia”, додека материјалите потребни за монтажа и самата монтажа на клима-уредите се обезбедени од компанијата „Светлина и топлина”, чиј сопственици се г-дин Јонче Спасески и г-дин Иван Спасески.
За време на претстојниот зимски распуст ќе се реализираат и други значајни обнови, како целосна промена на електричните инсталации стари педесетина години, со што ќе се овозможи функционирањето на клима-уредите, како и набавка на компјутери! Сето ова, повторно, донација од страна на г-дин Жарко Шурдоски.
– Ова е голем придонес за подобрување на условите за работа и учење, што е од исклучително значење за нашите ученици и вработени! Нашето раководство, вработени, ученици и родители секогаш ќе бидат неизмерно благодарни за овој несебичен гест! – велат од подрачното училиште во село Ложани при ООУ „Свети Климент Охридски” – с. Драслајца.
StrugaOnline

Facebook Коментари