Во Радожда ќе се избира Совет и претседател на Месна заедница. Со оглед на фактот дека на членовите на Советот и претседателот на Месна заедница-Радожда, од поодамна им е истечен четири годишниот мандат, Одделението за соработка со Месни заедници и Заштита и Спасување при Општина Струга ќе организира избори за нови советници и претседател.
Сите заинтересирани граѓани од село Радожда, за процедурата и организацијата на изборите можат да се информираат во Одделението за соработка со месни заедници, заштита и спасување. (кај зградата на Народна одбрана во Струга).
За датумот и местото на одржување на изборите ќе информираме дополнително.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари