Црвен крст Струга го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

- Локални
585

Традиционално,  како секоја година, и оваа година Црвен крст на РМ Општинска организација-Струга го одбележа Меѓународниот ден на старите лица, во соработка со Здружение на пензионери и Актив на Жени. На средбата беа присутни четриесет и пет лица.  Црвен крст Струга се заложува дека секогаш ќе биде поддржувач на правата на старите лица и истите секогаш ќе добиваат соодветна помош од страна на волонтерите на струшкиот Црвен крст.

Први октомври, Меѓународниот ден на старите лица, секоја година во Струга се одбележува со заеднички појадок.

Strugaonline

Facebook Коментари