Во рамки на проектот ,,Безбедно лето“ СВР Охрид ја започна кампањата „Соседска патрола“

- Локални
914

На 16-ти јули Секторот за внатрешни работи Охрид, ја  отпочна превентивната кампања„ Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022), извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите. Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителскии други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.Целта на кампањата е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниотред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари